СЕХА „Исток“ стартува на 12 септември, ќе играат десет екипи

Новата сезона во дивизијата „Исток“ во регионалната СЕХА лига ќе стартува на 12 септември со дуелот меѓу СКА Минск и Виктор Ставропол.

Новата сезона ќе биде 13 во историјата на оваа конкуренција, а во споредба со лани во оваа дивизија ќе има две нови екипи.

Во групата А ќе бидат Мешков Брест, Пермски Медведи, Гомел, ЦСКА Москва и Зенит, додека во групата Б се СКА Минск, Чеховски Медведи, Машека, Виктор Ставропол и кинескиот тим Ајст Китаја.

Последното 10 коло од регуларниот дел на сезоната ќе се одигра на 10 февруари 2024 година, а дополнително ќе бидат соопштени датумите за осминафиналните средби и дали сезонава ќе има вкрстување во четвртфиналето со тимовите од дивизијата „Југ“.