Рајатовски и Николиќ ја водеа Струга до рутинска победа над Астраион

По поразот од Пролет минатиот викенд, ракометарите на Струга се вратија на победничките патеки во Суперлигата, откако победија на домашен терен против струмички Астраион со 32-27.

Гостите, кои беа со скратен ростер на овој натпревар, парираа само во првите десетина минути додека беше 5-5. Потоа стружани се одлепија на плус четири 9-5, и таквата предност умешно ја сочуваа до паузата, 18-13.

Во второто полувреме ништо не се промени на теренот. Домашните без поголеми проблеми ја одржуваа разликата, ги казнуваа сите грешки на струмичани и на крајот славеа рутинска победа со 32-27. Во последните пет минути немаше ни еден погодок на двете страни.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Богдан Николиќ со седум и Пеце Рајатовски со шест голови, додека Игор Илиевски и Ненад Костоски дадоа по пет. Кај струмичани, стандардно добар беше Мите Караиванов со седум погодоци, а исто толку даде и Филип Кавазов.

Во следното коло во вторник, Струга ќе му гостува на КЛ7, додека Астраион треба да игра против Јуниор Кисела Вода во Струмица.

32 - 27
Конечен резултат

Место

Спортска сала Тими

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СТРУГА1832Победа
АСТРАИОН1327Пораз

СТРУГА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Владо Затаракоскиголман00
2Петар Маркоски-02
5Бобан Савески-00
6Никола Стрезоски-00
7Пеце Рајатоскидесно крило16
10Вук Лакичевиќдесен бек12
11Тодор Јанкулоскидесно крило04
12Мартин Јовановскиголман00
13Петар Ферукоскипивот00
18Богдан Николиќцентрален бек07
23Игор Илиевскилево крило05
24Ненад Костоскилево крило25
44Дарио Симоноскипивот11
95Слободан Новаковиќлев бек00
99Кристијан Трајкоскицентрален бек10
 Вкупно 632

АСТРАИОН

# Играч Позиција Исклучување Голови
Јордан Рингов-00
Александар Коцевголман00
4Мите Караивановлев бек17
6Миливој Котевски-01
9Филип Кавазовцентрален бек07
12Мартин Перовановиќголман00
14Дарко Катранџиевлево крило01
16Александар Гоџировголман01
17Ѓорѓи Касаповдесно крило16
18Славе Јанковскилево крило02
69Христијан Ефтимовцентрален бек11
77Иванче Ончевцентрален бек11
 Вкупно 427

Officials

Судии:Делегат:
ИЛИЕВСКИ МЕТОДИЈА
ИЛИЕВСКИ МИХАЈЛО
КАЛАНОСКИ СЛАВЧО
ПозЕкипаНПРЛБ
1Г.А.-КЛ71251616
2ЈУНИОР К.В.1231810
3АСТРАИОН1211104