Радовиш доби силен отпор од КЛ 7, но не дозволи изненадување

Екипата на Радовиш после поразот на стартот од сезоната на гостувањето кај составот на Астраион пред своја публика не дозволи проблеми против тимот на КЛ 7 иако доби силен отпор. Радовишани славеа со 33:29 така што дојдоа до очекувани бодови.

Во текот на целата средба младите ракометари на тимот од Скопје се бореа и се обидуваа да останат близу со негативата. Сепак, искуството на Ивица Илиев беше пресудно. Најефикасниот играч на Радовиш и еден од ракометарите кои во последните сезони се редовно на првите две позиции според ефикасноста одигра одлично и го предводеше својот тим.

После 17:15 на крајот од првиот дел во второто полувреме радовишани рано направија предност од пет гола, па потоа постојано беа од два до пет разлика така што на крајот успеаја да стигнат до резултат каков што посакуваа.

Ивица Илиев и Ангелче Органџиев беа играчите кои го водеа тимот на Радовиш до победа така што во ниту еден момент немаше проблеми околу победникот на овој дуел.

33 - 29
Конечен резултат

Место

Спортска сала „25 МАЈ“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
РАДОВИШ1733Победа
Г.А.-КЛ71529Пораз

РАДОВИШ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Славјан Пауновголман00
3Зоран Стојановскилево крило06
6Ристе Чаповцентрален бек00
Александар Марковлев бек00
7Мартин Ситновски-00
9Спасе Ѓоргиевдесно крило00
10Здравко Постоловцентрален бек02
11Борче Феновцентрален бек00
14Јован Ѓоргиевлев бек00
15Аце Спасовлев бек00
18Ангелче Органџиевлев бек08
23Кристијан Ристовлево крило00
24Мартин Трајковскиголман00
66Ивица Илиевцентрален бек012
71Филип Трајановдесно крило05
 Вкупно 033

Г.А.-КЛ7

# Играч Позиција Исклучување Голови
Никола Цветаноскилев бек00
Бобан Каковскицентрален бек05
Игор Ѓоргиевцентрален бек00
Александар Стојковдесно крило02
Давид Даевпивот00
Филип Крстескипивот03
Мартин Димовскидесен бек04
Божидар Илиескицентрален бек06
Андреј Петковскиголман00
12Митко Петрескиголман00
22Евгениј Темелкоскидесно крило03
23Емилијан Ѓорговскилев бек03
25Андре Буторацдесен бек00
26Марко Стојковиќпивот00
31Глигор Гајиќцентрален бек03
 Вкупно 029

Officials

Судии:Делегат:
КОЛЕВСКИ ЃОКО
КРКАЧЕВ САШО
ЧАВДАРОВ ВАСИЛ
ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРОЛЕТ22006
2ОХРИД11003
3СТРУГА11003
4АСТРАИОН21013
5РАДОВИШ21013
6ЈУНИОР К.В.20020
7Г.А.-КЛ720020