Пролет jа прекина серијата порази, лесно се справи со Скопје

Екипата на Пролет имаше лесна задача во 13. коло од Супер лигата и ја прекина серијата од три порази. Со убедлива игра и без многу мака убедливо го совлада тимот на Скопје со 34:26.

Во првото полувреме фаворитот потешко го кршеше отпорот на Скопје, но сепак имаше контрола на играта и резултатот. Во неколку наврати гостите успеваа да стигна до израмнување сепак на полувреме имаа негатива од 15:13.

Во продолжението Пролет не дозволи изненадување, Џонов и Палевски го полнеа голот на Скопје и сигурно го водеа својот тим кон победа. Многу брзо беше шест разлика, предност која беше сосема доволно за триумф.

Новиот тренер кој ќе ја предводи екипата на Пролет, до крајот на полусезоанта Алексо Лембанов во своето деби забележа триумф, а во следните натпревари ќе обиде да го врати тимот при врвот на табелата.

Најефикасен во составот на Пролет беше Иван Џонов со девет погодоци, а шест гола постигна Давор Палевски. Во составот на Скопје прв стрелец беше Марио Мишевски со девет гола, а седумпати погодои Леонид Киселовски.

34 - 26
Конечен резултат

Место

УС „Македонско Сонце“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПРОЛЕТ1534Победа
СКОПЈЕ 20201326Пораз

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Михаил Аларовпивот14
7Бојан Маневцентрален бек10
8Дејан Пецаковскилев бек01
9Бојан Јовановскилево крило01
11Виктор Додевскидесно крило00
13Мартин Димовдесно крило03
15Ласко Андоновскицентрален бек03
16Андреј Петковскиголман00
18Иван Џоновлев бек19
19Доне Мајновдесен бек11
21Филип Крстевски-10
23Ѓорѓе Голубовиќдесен бек05
24Јован Фичорскицентрален бек00
33Јане Цветковскиголман00
71Давор Палевскилево крило06
99Жарко Пејовиќцентрален бек11
 Вкупно 634

СКОПЈЕ 2020

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Давид Стојкоскиголман00
2Филип Василевскипивот12
4Марио Мишевскилево крило09
5Бојан Чакалиќцентрален бек00
7Андреј ТркалевскиСреден бек00
9Александар Василевскилев бек03
18Кирил Пешкирскилево крило00
19Велимир ГрујовскиСреден бек02
20Лука Благопетровдесно крило01
22Андреј Пешевскицентрален бек01
23Благој Димчевскипивот01
24Стефан Стојановскилев бек30
25Леонид Киселовскилев бек07
26Бране Трифуновскиголман00
30Далибор БлажевскиСреден бек00
77Симон Калајџиескилево крило00
 Вкупно 426

Officials

Судии:Делегат:
ЌАЕВ ГЛИГОР
ЌАЕВ СПАСКО
КИМОВСКИ ЗОРАН
ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196116141143
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР16141143
3БУТЕЛ16110533
4ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 216102432
5ОХРИД1681725
6ТИКВЕШ 20141681725
7ПРОЛЕТ1681725
8МЕТАЛУРГ1670921
9ПРИЛЕП16501115
10СТРУГА16411113
11СКОПЈЕ 20201620146
12РАДОВИШ1610153