Пролет во пет дена ќе одигра три натпревари

Оваа недела треба да се комплетира првиот круг од регуларниот дел во суперлигашката конкуренција во Македонија.

Од групата А останаа да се доиграат уште четири меча, додека од групата Б треба да бидат одиграни уште две средби.

Тимот на Пролет ќе одигра три натпревари во пет дена. Најпрво на 17 ноември го чека дома тимот на Охрид во дерби дуел, на 19 гостува кај Радовиш, а на 21 ноември ќе игра дома против Струга.

Струмички Астраион на 18 ноември ќе игра дома против КЛ7, а средбите на Металург против Бутел Скопје и Младост веројатно ќе се одиграат во петок на 20 и в недела на 22 ноември. Тоа ќе биде официјализирано кога металурзи ќе се вратат од Шпанија.

Заостанати натпревари:

Пролет – Охрид, вторник, 18:30 часот
Астраион – КЛ7, среда, 20:00 часот
Радовиш – Пролет, четврток, 19:30 часот
Пролет – Струга, сабота, 18:30 часот
Бутел – Металург ?
Младост – Металург ?