ППД Загреб сигурно до бодови на гостувањето во Шабац

Ракометарите на ППД Загреб остварија сигурна победа на гостувањето во Шабац кај Металопластика во натпревар од СЕХА лигата со 35:30.

Избраниците на Ивица Обрван силно го почнаа натпреварот и клучната разлика ја направија во почетните минути. Веќе во 13. минута гостите имаа добро водство од 10:5. Металопластика немаше решение за играта на противникот и сè повеќе заостануваше.

Во 22. минута Загреб го имаше највисокото водство од 14:7, но, сепак, до полувремето домашните намалија на пет гола како што беше и во најголемиот дел од првиот дел. После 30 минути игра беше 18:13 за гостите.

Второто полувреме не донесе многу промени на теренот. Загреб без многу проблеми го контролираше резултатот и сигурно го водеше натпреварот кон победа. Металопластина најмногу што успеа беше да се доближи на четири гола, но немаше сили да избегне пораз.

Најефикасни во составот на Загреб беа Хрстиќ и Буриќ со по шест погодоци, а пет гола постигна Матановиќ. За екипата на Металопластика, најмногу се истакна Брајовиќ со седум гола, додека по четири постигнаа Иваниќ и Бабиќ.

30 - 35
Конечен резултат

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МЕТАЛОПЛАСТИКА1330Пораз
ППД ЗАГРЕБ1835Победа

МЕТАЛОПЛАСТИКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Матеја Додиќдесно крило02
3Вујашин Воркапиќдесно крило03
4Марко Јевтиќпивот11
6Ѓорѓе Писариќцентрален бек00
7Марко Срѓановиќлево крило01
10Филип Миловановиќлево крило01
12Милан Бомаштарголман00
14Вукашин Антонијевиќцентрален бек00
15Лука Иваниќлев бек04
16Страхиња Радисављевиќголман00
17Боривоје Ѓукиќлев бек13
18Лука Митровиќцентрален бек02
21Дејан Бабиќпивот04
22Урош Тодоровиќдесен бек02
23Војислав Брајовиќдесен бек07
24Марко Дошенпивот00
 Вкупно 230

ППД ЗАГРЕБ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Радивоје Ристановиќголман00
4Филип Висторопцентрален бек01
5Лука Мраковчиќцентрален бек11
6Давор Чаварлево крило04
7Давид Мандиќлево крило12
9Лука Ловре Кларицадесен бек03
10Сењамин Буриќпивот06
12Тодор Јандриќголман00
14Немања Обрадовиќцентрален бек11
15Дарко Стојниќпивот12
19Филип Периќдесно крило01
23Иван Лаљекцентрален бек00
24Владо Матановиќдесно крило05
44Матеј Хрстиќлев бек06
55Чаба Лајметердесен бек13
71Никола Граховацпивот00
 Вкупно 535

СЕХА ЛИГА – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ППД ЗАГРЕБ33006
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР53026
3ТАТРАН52034
4МЕТАЛОПЛАСТИКА51042