Последна битка за плеј-оф – Во Прилеп и во Скопје ќе гори 60 минути

Денеска е клучниот ден во Групата Б од Супер машката лига во кој ќе падне одлуката за тимот што напролет ќе игра во плеј-офот и ќе им се приклучи на тимовите на Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид, Пролет 62, Струга, Металург и Бутел Сопје.

Остана едно место и три желби, а математиките се веќе јасни. Има неколку комбинации во кои ќе се бара добитната, а секој од трите клуба може да си најде место во главната група.

Веќе неколку дена тимовите на Еурофарм Пелистер 2, ГРК Тиквеш и Прилеп се главна тема, а сите обезбедија можност до последен момент да бидат во трка и да остане неизвесноста така што денеска од 17 часот почнува главната битка.

Ситуацијата е таква што секој клуб има своја математика и шанса за да се дојде до место во плеј-офот. Битолчани се во пол-позиција, но ќе мора самите да го искористат ова и да ја задржат таа позиција доколку сакаат сè да финишира како што посакуваат.

Сепак, убаво е уште еднаш да се потсети на тоа која комбинација на кој тим му одговара.

Еурофарм Пелистер решава сам, со победа или реми оди во плеј-оф

Екипата од Битола има 19 поени и плус три во однос на ривалите. Со победа над Прилеп или со нерешен резултат нема дилема за пласманот во плеј-офот. Ова решава сè така што нема да биде важно како ќе заврши дуелот во Скопје.

Со бод Еурофарм Пелистер 2 ќе дојде на 20 поени, со победа на 22 и ќе има повеќе од своите ривали така што тука се затвора целата приказна.

Победа на Прилеп и победа на Тиквеш носи радост за кавадарчани

Доколку денеска се случи тимот на Прилеп да дојде до победа, а истото го направи и составот на ГРК Тиквеш тогаш ова ќе биде радост за кавадарчани бидејќи тие ќе бидат во предност во однос на ривалите.

Во ситуација кога би имале сите по 19 бода тогаш сосема јасно е дека ќе решава мини табелата (подолу во текстот) и на неа ГРК Тиквеш е во предност бидејќи така би имал седум поени со што го има најдоброто место и оди во плеј-оф.

Прилепчани со најмалку шанси, но имаат надеж

Кога ќе се земат предвид бодовите, ситуацијата на табелата и распоредот за последното коло јасно е дека тимот на Прилеп има најмалку шанси. Сепак, постои надеж и мора да се верува.

Според ситуацијата која е актуелна тимот на Прилеп мора да победи со четири гола разлика и да чека вест дека ГРК Тиквеш не победил во Скопје против Работнички. Во ситуација кога кавадарчани не би победиле опција е и победа од три гола, но до 24 примени погодоци.

Дефинитивно многу математика, а многу неизвесност, па денешните 60 минути ќе бидат пеколни и максимално возбудливи.

МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ НА ЕКИПИТЕ КОИ СЕ ВО ТРКА ЗА ПЛЕЈ-ОФ МЕСТО

Почетна \ Away
ПРИЛЕП   30-36
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 28-25   29-30
ТИКВЕШ 2014 25-25 26-27  

МИНИ ТАБЕЛА

ПозЕкипаGDНПРЛБ

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ГРУПА Б

ПОСЛЕДНО, 14. КОЛО

НЕДЕЛА, 27 ДЕКЕМВРИ

17:00ч

РАБОТНИЧКИ – ГРК ТИКВЕШ

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ПРИЛЕП – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

Сала: „Р. Р. Ричко“ во Прилеп. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

20:00ч

МЕТАЛУРГ – БУТЕЛ СКОПЈЕ

Сала: „Автоокманда“ во Скопје. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битила. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

МЛАДОСТ 1977 е слободен

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14131040
2ПРОЛЕТ14102232
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21491428
4ТИКВЕШ 20141491428
5ГОЛДЕН АРТ1460818
6СКОПЈЕ 20201430119
7РАДОВИШ1412115

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

РанкИграчЕкипаПозицијаГоловиНатпревари
1mkdТoше Ончевлев бек20423
2mkdИвица Илиевцентрален бек18223
3mkdМите Караивановлев бек16622
4mkdgeoРеваз Чантуријадесно крило16626
5srbЖарко Барјактаревиќдесен бек14626
6mkdЈане Јанчевцентрален бек14124
7mneМирко Мајиќлево крило14026
8croЗлатко Хорватдесно крило13121
9mkdДавор Палевскилево крило12024
10srbВања Смиљаниќдесен бек, десно крило11824
11mkdКристијан Симоноскипивот11725
12mdaАлександар Лупашколев бек11725
13mkdИгор Ѓоргиевцентрален бек, лев бек11120
14croДенис Тотдесен бек11125
15geoХазеин Рустамовлево крило10926
16mkdСлаве Јанковскилево крило10823
17mkdСтефан Крстевскицентрален бек10824
18srbСтрахиња Симиќцентрален бек10423
19mkdЕмилијан Ѓорговскилев бек10124
20mkdЗоран Стојановскилево крило9824
21mkdМартин Серафимовдесен бек9625
22mneБогдан Николиќцентрален бек9220
23mkdМартин Димовскидесен бек8926
24mneВасилије Калуѓеровиќлев бек8514
25mkdДавор Шокоскилев бек8325
26bihЈосип Периќцентрален бек8314
27mkdХристијан Ефтимовцентрален бек8225
28mkdЗдравко Постоловцентрален бек8124
29srbИгор МршуљаСреден бек8114
30mkdСтефан Дрогришкилев бек8023
31mkdАнгелче Органџиевлев бек7925
32mkdСтефан Талевскицентрален бек, лево крило7726
33srbmkdСтефан Додиќцентрален бек7724
34mneФилип Кривокапиќцентрален бек7619
35mkdЛаско Андоновскицентрален бек7626
36mkdМихаил Аларовпивот7526
37mkdМитко Стоиловлев бек7526
38mkdАлександар Тренчевскипивот7418
39mkdЈован Талевскицентрален бек7421
40mkdПеце Ѓорѓиоскипивот7426
41mkdАлександар Стојковдесно крило7324
42srbДушан Медиќцентрален бек7324
43mkdКирил Пешкирскилево крило7221
44mkdМартин Манасковлев бек7225
45mkdМарко Трајковскипивот7026
46mkdИлија Диновлево крило7019
47mkdНикола Димитровдесно крило6926
48mkdДарко Кондевлево крило6926
49mkdДаниел Андоновскилев бек6922
50mkdПавле Атанасијевиќцентрален бек6820