Пола ден на работа, пола на терен – рудари, инженери, електричари…играат во елитна лига!

Од Србија ни пристигнува една фантастична приказна за љубовта кон спортот која сигурно може да биде мотив за постигнување успех и во тешки услови.

Станува збор за ракометниот тим на Рудар Костолац кој игра плеј-оф од Аркус лигата, елитниот ранг на српскиот ракомет. Немаше тука да биде ништо посебно ако 11 од 16 ракометари на овој клуб се вработени во други дејности и ракометот не им е главниот извор на егзистенција.

Српскиот „Журнал“ пишува дека најголем дел од нив работат во рудникот Дрмно како инженери и електричари, потоа има вработени во електрана, железарница и еден таксист. Најголем проблем било да се кординираат смените за време на тренинзите. На чело на тимот е Драган Ајадчиќ, кој во клубот е 20 години.

„Ако успеам да го соберам целиот тим во рок од 15 дена тоа е феноменално“, изјави Ајдачиќ кој е рекордер по времето поминато на еден клуб во Србија.

Овој клуб го има еден од најмалите буџети во Србија и од оштината добиваат околу четири и пол милиони динари. Членовите на клубот зборуваат како често пати мораат да бараат дозвола за излегување од работа за натпреварите, а шефовите ги пуштаат со зборовите „пак ли тој ваш ракомет?“.

Тимот работи и на зголемување на ростерот, од неодамна се засилија со двајца нови ракометари, а се очекуваат во наредните недели да пристигнат и уште четворица ракометари.

Најдобар стрелец на тимот е Ненад Недељковиќ кој работи како инженер во рудникот, а минатата сезона во првите кола морал да игра натпревари после трета смена.

„Просекот не падна значително, се надоврзаа повредите, короната по вторпат…Со смените оваа сезона е малку полесно. Сите такви промени влијаат на биоритамот и енергијата. Сопругата е навистина толерантна за моите обврски и тоа многу ми ја олеснува работата повеќе да се сконцентрирам“, порача Недељковиќ.