Познати учесниците на ЕП во 2022 година, Македонија и следната година на ЕХФ шампионатите

Европската ракометна федерација ги потврди 16 репрезентации кои ќе учествуваат на машките Европски првенства до 18 години и до 20 години кои ќе се одржат во 2022 година.

Најголемиот дел од учесниците се од неодамна завршеното Европско првенство до 19 години и плус трите репрезентации – победници на ЕХФ шампионатите. Селекциите кои се пласираа од 1 до 13 место на ЕП ќе играат на првенствата наредната година, додека пласираните од 14 до 16 место – Израел, Русија и Австрија ќе играат на ЕХФ шампионатите.

Трите победници на ЕХФ шампионатите, Фарски Острови, Црна Гора и Полска обезбедија пласман на првенството до 18 години во 2022, а исто така и на првенството за ракометари до 20 години.

Македонската репрезентација не успеа да обезбеди пласман на Европските првенства во 2022 година затоа што во финалниот дуел проптив Полска на шампинатот во Скопје загуби. Иако имаше најави дека би можело да има квалификации за следното ЕП, сепак нема да биде така и таа одлука на ЕХФ ќе важи од следната година.

Репрезентации кои обезбедија пласман на Европските првенства за играчи до 18 години и за играчи до 20 години во 2022 година се:

ГЕРМАНИЈА
ХРВАТСКА
ШПАНИЈА
СЛОВЕНИЈА
ДАНСКА
ПОРТУГАЛИЈА
ШВЕДСКА
ИСЛАНД
УНГАРИЈА
ФРАНЦИЈА
НОРВЕШКА
ИТАЛИЈА
СРБИЈА
ФАРСКИ ОСТРОВИ
ЦРНА ГОРА
ПОЛСКА