Охрид вечно ќе го паметат: „Гладијаторот“ Кривокапиќ ја запроси девојка му покрај езеро (ФОТО)

Ракометарите на Охрид по големата победа над Металург во претходното коло од суперлигашкиот плеј-оф, имаа уште една причина за радост и славење.

Охрид како град и како клуб вечно ќе остане во добро сеќавање на црногорскиот интернационалец Филип Кривокапиќ.

Тој викендов ја запроси својата девојка Јована Чолиќ и стави крај на ергенскиот живот.

Кривокапиќ на плажата Потпеш со мала цероминија, на која присуствуваа и дел од играчите на Охрид пријатно ја изненади Јована, која кажа „ДА“.