ЧСМ Букурешт се спаси од втор пораз во шестиот натпревар од силниот романски шампионат, откако одигра реми со Глорија Бузау.
Натпреварот заврши 22-22, а голот за ѕвездениот тим од романската престолнина за бод од тешкото гостување беше дел на Кристина Неагу во последните секунди.
На полувреме домашниот тим во Бузау имаше водство од еден гол разлика, 10-9, во финишот исто така водеа домаќинките со гол предност, но на крај мораше да се задоволат со бод.
Најефикасна во домашниот тим беше Тирон со седум гола, а екс вардарката Марија Петровиќ даде пет гола. Кај ЧСМ Букурешт, Неагу беше прв стрелец со осум гола, а уште една екс вардарка – Барбара Лазовиќ постигн шест погодоци.
ЧСМ Букурешт претходно загуби од Валчеа, а оствари победи над Рапид, Дева, Бистрица и Стинта.