Како и повеќето екипи кои се дел од Супер лигата и новиот суперлигаш, Младост Богданци од утре стартува со подготовките за новата сезона.
Утре се очекува екипата да биде и комплетна бидејќи е најавено доаѓањето на единствениот интернационалец во Младост, Молдавецот Александр Лупаско. Со тоа ќе може да се стартува со подготовките и да се тргне во офанзива за новата сезона во која влогот ќе биде голем бидејќи мора да се одигра максимално за да се обезбеди опстанок.
Денеска во Богданци веќе пристигнаа и засилувањата Никола Димитров и Небојша Василевски така што останува само доаѓањето на ракометарот од Молдавија за да може уште на стартот во комплетен состав да се тргне во одработување на подготовките.
Тренинзите стартуваат утре, а првите десет дена ќе се работи на отворено. После ова се очекува да се влезе и во сала според она како налага протоколот за тренирање во услови на корона.