Митревски правеше чуда, Македонија со плус три на одмор

Репрезентацијата на Македонија имаше одлично прво полувреме во одбрана, а доколку нападот беше на истото ниво можеше веќе за 30 минути сè да биде решено против Украина и на одмор резултат да биде со двоцифрена позитива. Вака Македонија има 13:10 со што ќе има мирна пауза пред продолжението на средбата.

Почетокот на средбата најави ефикасна средба. Наизменично доаѓаа голови на двете страни, па за неполни пет минути резултатот беше 3:2 за Македонија. Сепак, тука дојде до одбрани на Митревски и Комок и мала стабилизација на резултат. Пет минути се чекаше за нов погодок, но водството на Македонија остана.

Македонија тргна со 5-1 одбрана, но брзо потоа Брестовац смени во 6-0 и тоа даваше резултат. Веќе во 14. минута резултатот беше 6:3 и тоа беше највисоката предност од стартот на средбата.

Продолжението донесе уште посигурна игра, а таквиот ритам после 20 минути игра донесе и предност за Македонија од 10:6. Овие четири гола позитива значеа и најава за сигурна завршница на првото полувреме. Митревски бранеше одлично и запре неколку зицери, а тоа даваше сигурност во одбраната. Сепак, во нападот не одеше најдобро, а воедно и Комок бранеше добро така што разликата брзо беше намалена.

Немаше многу голови поради лошата реализација, но во 25. минута резултатот беше 10:9. Меѓутоа, мало зголемување на концентрацијата придонесе за брзо зголемување на плус три и во 26. минута беше 12:9 откако Пешевски и Талески реализираа. До крајот предноста од три гола беше зачувана, а на одмор се замина со 13:10.

  • mak-ukraina (1 of 4)
  • mak-ukraina (2 of 4)
  • mak-ukraina (3 of 4)
  • mak-ukraina (4 of 4)
  • mak-ukraina1 (1 of 3)
  • mak-ukraina1 (2 of 3)
  • mak-ukraina1 (3 of 3)
  • mak-ukraina2 (1 of 6)
  • mak-ukraina2 (2 of 6)
  • mak-ukraina2 (3 of 6)
  • mak-ukraina2 (4 of 6)
  • mak-ukraina2 (5 of 6)
  • mak-ukraina2 (6 of 6)
  • mak-ukraina3 (1 of 5)
  • mak-ukraina3 (2 of 5)
  • mak-ukraina3 (3 of 5)
  • mak-ukraina3 (4 of 5)
  • mak-ukraina3 (5 of 5)
  • mak-ukraina4 (1 of 10)
  • mak-ukraina4 (2 of 10)
  • mak-ukraina4 (3 of 10)
  • mak-ukraina4 (4 of 10)
  • mak-ukraina4 (5 of 10)
  • mak-ukraina4 (6 of 10)
  • mak-ukraina4 (7 of 10)
  • mak-ukraina4 (8 of 10)
  • mak-ukraina4 (9 of 10)
  • mak-ukraina4 (10 of 10)
  • mak-ukraina5 (1 of 28)
  • mak-ukraina5 (2 of 28)
  • mak-ukraina5 (3 of 28)
  • mak-ukraina5 (4 of 28)
  • mak-ukraina5 (5 of 28)
  • mak-ukraina5 (6 of 28)
  • mak-ukraina5 (7 of 28)
  • mak-ukraina5 (9 of 28)
  • mak-ukraina5 (8 of 28)
  • mak-ukraina5 (10 of 28)
  • mak-ukraina5 (11 of 28)
  • mak-ukraina5 (12 of 28)
  • mak-ukraina5 (13 of 28)
  • mak-ukraina5 (14 of 28)
  • mak-ukraina5 (15 of 28)
  • mak-ukraina5 (16 of 28)
  • mak-ukraina5 (17 of 28)
  • mak-ukraina5 (18 of 28)
  • mak-ukraina5 (19 of 28)
  • mak-ukraina5 (20 of 28)
  • mak-ukraina5 (21 of 28)
  • mak-ukraina5 (22 of 28)
  • mak-ukraina5 (23 of 28)
  • mak-ukraina5 (24 of 28)
  • mak-ukraina5 (25 of 28)
  • mak-ukraina5 (26 of 28)
  • mak-ukraina5 (27 of 28)
  • mak-ukraina5 (28 of 28)
  • mak-ukraina6 (1 of 2)
  • mak-ukraina6 (2 of 2)

На крајот од првото полувреме најефикасен е Кирил Лазаров со четири гола. По двапати прецизни беа Георгиевски, Манасков и Талески, додека по еднаш погодуваа Пешевски, Стоилов и Танкоски. Митревски бранеше одлично и првиот дел го заврши со девет интервенции.