Митревски ги излуде Украинците, а Кире Лазаров донесе победа во последна секунда

Македонија има двајца свои херои на првиот натпревар на Европското првенство. Голманот Никола Митревски бранеше неверојатно, а капитенот Кирил Лазаров со голот постигнат во последната секунда донесе победа од 26:25 за први бодови на Македонија на Европското првенство.

Почетокот на средбата донесе неколку погодоци набрзина, а потоа после петте ефикасни минути имаше пет минути во кои немаше ниту еден погодок. Македонија беше во постојана предност, а на средина од првото полувреме стигна и до плус три.

После 6:3 следуваа минути во кои водството се зголемуваше и веќе во 20. минута резултатот беше 10:6. Тука дојдоа најлошите минути во кои поради поради неефикасност противникот намали на 10:9.

Во тие моменти конечно дојде до будење во нападот, па тоа резултираше со враќање на водството од три гола кое беше зачувано до крајот од првото полувреме, а на паузата се замина со резултат 13:10.

Стартот на второто полувреме донесе брзо зголемување на предноста на пет гола. Македонија поведе со 17:12. Противникот успеа да намали и да фати приклучок, но после ова следуваше период во кој имаше многу погодоци. Се редеа стрелците и на двете страни и покажуваа кој колку е расположен за игра, па бројот на погодоци само се зголемуваше.

Таквата игра не ни одговараше што се виде и од резултатот кога на 15 минути до крајот резултатот беше 21:19. Украина одново намали и се врати во игра на овој дуел, па мораше да се поправа. Место тоа со нова грешка и се даде шанса на Украина уште повеќе да намали, па во 46. минута беше 21:20.

После тајм-аутот за момент делуваше дека работите се враќаат под контрола со брз гол од Лазаров. Следуваа и две интервенции на Митревски, но место да се зголеми предноста следуваа две грешки, па во 49. минута се дојде до нерешени 22:22 што ги врати работите на почеток.

Битката продолжи до крај бидејќи во ниту еден момент немаше сигурност дека победата е обезбедена, но затоа секоја грешка направена во нападот беше неутрализирана со одбрана на Никола Митревски кој во завршницата од мечот почна да ги излудува Украинците.

  • mak-ukraina (1 of 4)
  • mak-ukraina (2 of 4)
  • mak-ukraina (3 of 4)
  • mak-ukraina (4 of 4)
  • mak-ukraina1 (1 of 3)
  • mak-ukraina1 (2 of 3)
  • mak-ukraina1 (3 of 3)
  • mak-ukraina2 (1 of 6)
  • mak-ukraina2 (2 of 6)
  • mak-ukraina2 (3 of 6)
  • mak-ukraina2 (4 of 6)
  • mak-ukraina2 (5 of 6)
  • mak-ukraina2 (6 of 6)
  • mak-ukraina3 (1 of 5)
  • mak-ukraina3 (2 of 5)
  • mak-ukraina3 (3 of 5)
  • mak-ukraina3 (4 of 5)
  • mak-ukraina3 (5 of 5)
  • mak-ukraina4 (1 of 10)
  • mak-ukraina4 (2 of 10)
  • mak-ukraina4 (3 of 10)
  • mak-ukraina4 (4 of 10)
  • mak-ukraina4 (5 of 10)
  • mak-ukraina4 (6 of 10)
  • mak-ukraina4 (7 of 10)
  • mak-ukraina4 (8 of 10)
  • mak-ukraina4 (9 of 10)
  • mak-ukraina4 (10 of 10)
  • mak-ukraina5 (1 of 28)
  • mak-ukraina5 (2 of 28)
  • mak-ukraina5 (3 of 28)
  • mak-ukraina5 (4 of 28)
  • mak-ukraina5 (5 of 28)
  • mak-ukraina5 (6 of 28)
  • mak-ukraina5 (7 of 28)
  • mak-ukraina5 (9 of 28)
  • mak-ukraina5 (8 of 28)
  • mak-ukraina5 (10 of 28)
  • mak-ukraina5 (11 of 28)
  • mak-ukraina5 (12 of 28)
  • mak-ukraina5 (13 of 28)
  • mak-ukraina5 (14 of 28)
  • mak-ukraina5 (15 of 28)
  • mak-ukraina5 (16 of 28)
  • mak-ukraina5 (17 of 28)
  • mak-ukraina5 (18 of 28)
  • mak-ukraina5 (19 of 28)
  • mak-ukraina5 (20 of 28)
  • mak-ukraina5 (21 of 28)
  • mak-ukraina5 (22 of 28)
  • mak-ukraina5 (23 of 28)
  • mak-ukraina5 (24 of 28)
  • mak-ukraina5 (25 of 28)
  • mak-ukraina5 (26 of 28)
  • mak-ukraina5 (27 of 28)
  • mak-ukraina5 (28 of 28)
  • mak-ukraina6 (1 of 2)
  • mak-ukraina6 (2 of 2)

На две минути до крајот, сепак, дојдоа нови грижи. При 25:24, Мартин Поповски доби исклучување. Ударот на Лазаров заврши со одбрана на Комок, а потоа Украина израмни. За Македонија останаа нешто повеќе од 40 секунди за напад. На 8 секунди до крај имаше исклучување за ракометар на Украина, па силите беа израмнети.

Кирил Лазаров ја презеде одговорноста и реализираше во последната секунда за победа од 26:25 и први бодови за Македонија.

МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА        26:25 (13:10)

МАКЕДОНИЈА: Митревски (14 одб.,1  сед.), Ристовски, Манасков 6/9, Велковски, Стоилов 4/4, Лазаров 8/15, Талески 3/7, Маркоски, Кузмановски 1/2, Танкоски 1/1, Георгиевски 2/4, Крстевски, Поповски, Пешевски 1/3, Маџовски, Мишевски.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 6 мин.

УКРАИНА: Комок (11 одб.,1  сед.), Тереков, Буиненко, Акименко 4/5, Шевелев, Денисов 2/2, Дорошчук, Тилте 1/3, Хориха 1/5, Козакевич 2/3, Жук 3/4, Чичикало, Гурковски 3/3, Жуков 4/9, Остроушко 5/10, Илченко.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 14 мин.