Тимот на Мешков Брест иако не е со полн ростер, сепак стартуваше со убедлива победа во белорускиот шампионат.
Избраниците на Даниел Гордо славеа убедливо над Кронон со 20 погодоци разлика, 40-20, а на полувремето имаа плус осум, 19-11.
Најдобри стрелци кај белорускиот првак беа Баранов со осум, како и Јуринок и Вергејчик со по пет погодоци.
Мешков Брест сега има серија од 47 победи во домашното првенство, но се уште е далеку од рекордот во негова сопственост, 61 триумф по ред.
Следен предизвик за Мешков ќе биде реваншот од четвртфиналето на СЕХА лигата против Еурофарм Пелистер, кој е закажан за 29 август во 16:00 часот.