Металург без мака против Младост Богданци

По одложениот натпревар против Фајверс во Лигата на Европа, ракометарите на Металург се вратија на обврските на домашна сцена.

Тимот од Автокоманда прослави, иако некомплетен, оствари лесна победа со 23-34 на гостувањето кај новиот суперлигаш Младост Богданци, за кој настапија оние со помала минутажа во досегашниот дел од Суперлигата.

Домашните водеа само на стартот со 1-0 преку Лупашко, а до 3-3 се играше гол за гол. Потоа Металург даде десет погодоци, а прими само два за плус осум, 5-13. Истата позитива ја имаше и на пауза, 9-17.

Вториот дел беше само рутинско одработување на задачата. Тренерот Оливер Димитриоски им даде шанса за настап на сите ракометари од ростерот, а во листата на стрелците не се запишаа само голманите Ѓорѓески и Дупјачанец, како и Маркоски.

На крајот убедлив триумф за тимот на Металург со 23-34. Најдобри стрелци кај победникот беа Мице Шилегов со шест и Милан Лазаревски со пет голови, а кај Младост најефикасен беше Антонио Николоски со шест погодоци.

23 - 34
Конечен резултат

Место

Спортска сала „Млаз“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МЛАДОСТ 1977923Пораз
МЕТАЛУРГ1734Победа

МЛАДОСТ 1977

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Ристе Пешковголман00
3Саше Михајловиќцентрален бек04
4Димитар Пеевлево крило00
7Илија Диновлево крило03
9Стојан Наумовскилев бек01
12Горан Паунковголман00
13Никола Роглевдесен бек00
15Марко Михајловиќлево крило00
17Иван Стојчевскидесно крило00
18Александар Лупашколев бек04
19Митко Стоиловлев бек00
20Душан Каркалашевцентрален бек02
23Мартин Фидановпивот01
23Антонио Николоски-06
25Илија Чрчев-01
32Никола Димитровдесно крило01
 Вкупно 023

МЕТАЛУРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Дарко Кондевлево крило03
4Александар Петковскидесен бек13
7Дарио Кофилоскилево крило04
10Даниел Дупјачанецголман00
11Мице Шилеговдесно крило06
13Златко Хорватдесно крило01
17Мартин Серафимовдесен бек24
19Милан Лазаревскипивот05
20Даниел Ѓорѓескиголман00
21Михајло Младеновиќлев бек12
27Теодор Тодескилев бек03
28Андреј Митиќпивот12
44Стефан Додиќцентрален бек01
64Велко Маркоскилев бек00
 Вкупно 534

Officials

Судии:Делегат:
АНГЕЛЕСКИ ГОРАН
СЕДЛОСКИ РУБИНЧО
МЕТАЛАРИ КАМЕР
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ1290327
2БУТЕЛ1281325
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21271422
4ТИКВЕШ 20141261519
5ПРИЛЕП1251616
6РАБОТНИЧКИ123099
7МЛАДОСТ 19771220106