Лазаров: Им приредивме шок на Данците, горд сум на моите играчи

Македонија славеше против Данска со 33-29 и веќе го обезбеди своето место на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Селекторот Кире Лазаров по мечот беше задоволен од изданието на неговите избраниците.

„Прво и основно, сакам да им се заблагодарам на моите играчи, моите соиграчи, што го испочитуваа тоа што го дговоривме. Благодарност и до мојот стручен тим, кој ми помогна да се подготвиме подобро за овој натпревар. Иако е ова нов предизвик за мене, иако не е психички лесно, чувствува позитивна енергија, дури бев спремен и да одиграме послабо и да изгубиме, но најважно ми беше договореното да се испочитува и момците го направија тоа, па заврши како што заврши. Одигравме храбро, имав храброст да почнам со помладите иако се оспорувани, но така ќе биде понатаму ќе им давам шанса бидејќи јас верувам во нив, можеби малку психолошки им треба малку да ја подгинат самодовербата. Ако им дадеш задачи, тие знаат да играат и ако ги насочиш, најважно е дека знаат ракомет. Најважно е што јас сум цел живот напаѓач, но овие неколку денови инсистирав само на одбрана, одбрана и одбрана. Јас цел живот напаѓам добра одбрана, мора да ја имаме и ние и добриот резултат тргнува од одбраните. Среќен сум и горд, за нас и за цела Македонија, и за вас како медиуми, затоа што со нас сме имале добри и лоши моменти, што сме ги доживуале заедно. Стојам цврствто на земја, и знам дека ова е иницијален импулс дека треба да работиме многу. Да прославиме, заслуживме, ќе видиме како ќе се подготвиме за дуелот во Данска. Мислам дека ова е шок за нив. Благодарност до целата македонска јавност, бидејќи најголемата поддршка е токму од нив и чувствувам обврска да се заблагодарам што веруваа во нас и дека може да направиме нешто. Ова е само почеток, го знам нашиот менталитет, најважно е да се пласираме, за друго ќе видиме“, вели Лазаров.

Тој ниту на сон не помислувал дека во еден момент ќе водиме против светскиот првак осум погодоци.

„Ни во еден момент не верував дека ќе имаме осум разлика, но верував дека можеме против нив затоа што добро ја анализиравме Данска со Миркуловски, Ангеловски, Црвенкоска и Јоновски. Секогаш бевме во контакт, дури и кога бевме во различни држави и до детал ја анализиравме Данска. Не им дозволивме да трчаат и затоа што сум среќен што успеавме“, продолжува Лазаров.

Следен предизвик за Македонија ќе биде дуелот со Данска, но на гостински терен во Алборг.

„Ова е големо олеснување и за мене, не сакам да се доведам како селектор да зависам на 2 мај од Швајцарија. Сега малку поинаку ќе размислуваме, да придобиеме уште некој играч, за кога ќе дојде ЕП, да можеме да одиме со ростер од 20 еднакво квалитетни играчи. Целта ќе биде таму да го надоградиме тоа што го започнавме овде и ќе им дадам шанса на други играчи да почуствуваат како е против светскиот првак“, заврши Лазаров.