Репрезентативецот на Хрватска и екс ракометар на Вардар, Игор Карачиќ и неговата избраничка, Македонката Душица Андоновска, го кажаа судбоносното „ДА“ пред најблиските роднини и пријатели во црквата Св. Петар и Павле во Мостар.
Игор се приклучи на многуте „македонски зетови“ кои својата животна сопатничка ја најде во Македонија. Парот се запозна додека Карачиќ го носеше дресот на македонскиот шампион Вардар, со кој успеа да освои две титули во Лигата на шампионите. Неговата избраничка, Душица Андоновска, е поранешен фото-модел.
На свадбата во најубавиот град во Херцеговина присуствуваа и баџанакот на Карачиќ, Кристијан Дисингер, кој пред извесен период, ја запроси сестрата на Душица, Марија Андоновска.