Ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ, по пет години поминати во македонскиот клуб од следната сезона ќе се пресели во хрватскиот шампион Загреб.
Покрај Чупиќ, нов ракометар во Загреб ќе биде и Жељко Муса. Двајцата со репрезентацијата на Хрватска ги стартуваа подготовките за квалификацискиот турнир за обезбедување место на Олимписките игри.
Новите засилувања ги искористија моментите на пауза за време на подготовките и позираа во дресот на новиот клуб.
Чупиќ во Вардар пристигна во 2016 година и беше еден од клучните ракометари за освојување на двете титули во Лигата на шампионите.