Извршниот Комитет на Европската ракометна федерација вечерва одржа итен состанок и донесе важна одлука по последните случувања на териториите на Русија, Украина и Белорусија.
ЕХФ ги суспендираше сите клубови и репрезентации од Русија и Белорусија!
Оваа одлука стаува веднаш на сила е по препорака на Меѓународниот Олимписки Комитет и ќе важи на неодредено време.
Мешков Брест нема да ги продолжи натпреварите во ЛШ, Ростов Дон и ЦСКА Москва во женската ЛШ, додека суспендирани се и сите останати екипи од Русија и Белорусија од другите натпреварувања што се во тек.
Репрезентациите на Русија и Белорусија во женска конкуренција нема да ги продолжат квалификациите за Европското првенство, додека машките репрезентации нема да играат во квалификациите за Светско првенство.
Судиите и делегатите од овие две држави нема да бидат номинирани за европските натпревари, а на Русија и е одземено домаќинството на младинското ЕП во ракомет на плажа.