Елверум се подготвува во салата на Вардар за дуелот со ПСЖ (ФОТО)

Ракометарите на Елверум денеска ќе го завршат седумдневниот престој во Скопје каде одиграа два меча од Лигата на шампионите против Вардар.

Тие по гостувањето во полскиот Келце, допатуваа во Скопје, каде во неделата и средата играа натпреварите со македонскиот тим, а вчера и денеска продолжија со тренинзи во СЦ „Јане Сандански“ за дуелот со ПСЖ што се игра во вторник.

Норвежаните денеска патуваат за француската престолнина каде ќе го играат дуелот со ПСЖ на кој требаше да бидат домаќини.

Сепак поради строгите ковид правила во Норвешка, Елверум беше принуден да ги игра сите дуели на гости. Од норвешкиот првак на социјалните мрежи се заблгодарија за „црвено-црното“ гостопримство.