Европски куп: Кастратовиќ дебитираше со победа, Темелков беше најефикасен

Поранешниот тренер на Металург,  Пролет и Вардар, Зоран Кастратовиќ имаше успешно отворање во Европскиот куп со тимот на Слобода Тузла. На свој терен, оваа екипа беше подобра од Драма од Грција со 29:23.

Екс-ракометарот на Пелистер и Струга, Богдан Николиќ беше меѓу главните стрелци во Слобода со четири постигнати гола. Прв стрелец во екипата на Зоран Кастратовиќ беше репрезентативецот на БиХ, Ален Овчина со осум гола.

Реванш натпреварот помеѓу двете екипи е закажан за 18 септември со почеток од 17:00 часот во Драма. Подобрата екипа ќе патува во второто коло од Европскиот Куп.

Екс-репрезентативецот на Македонија, Владимир Темелков имаше одлична партија во дресот на Каерјенг во рамките од Европскиот куп во првото коло. Неговиот тим славеше против косовскиот претставник, Велазними со девет гола разлика, 32:23.

Темелков беше најефикасен на натпреварот со десет погодоци од 12 обиди. Во екипата на Велазними се истакна Арди Халил со пет погодоци.

Реванш натпреварот помеѓу Каерјенг и Велазними се игра утре со почеток од 17 часот. Екипата од Косово прифати двата натпревари да ги одигра на гостински терен во Луксембург.

ЕВРОПСКИ КУП – МАЖИ

1.КОЛО

ГРАНИТАС КАУНАС – ЖЕЛЕЗНИЧАР 46:18 (19:8)

В. ВИЕНА – САРАТОВ 27:29 ( 13:12)

АЛИНГСАС – МЕТАЛОПЛАСТИКА 29:23 (14:11)

АПОЕЛ – ЗУБРИ 27:29 (11:16)

БАЈА МАРЕ – ЛОКОМОТИВ ГОРНА 44:24 (23:10)

ВИЛЈАНДИ – СЛОГА ДОБОЈ 20:20 (9:9)

КАРЈЕНГ – ВЕЛАЗНИМИ 32:23 (17:14)

СЛОБОДА ТУЗЛА – ДРАМА 29:23 (14:9)