Германскиот ракометар Кристијан Дисингер денеска и официјално стана македонски зет, но и баџанак на Игор Карачиќ.
Тој ја овековечи врската со Македонката Марија Андоновска, која е сестра на Душица, сопругата на Игор Карачиќ.
Вардаровата врска и по заминувањето од Вардар останува силна, па кум на Дисингер и Андоновски им беше Тимур Дибиров.
Дисингер по заминувањето од Вардар кратко играше за романскиот Динамо Букурешт, а сега е член на катарскиот Ал Духаил.