Дебитантот покажа заби 20 минути, потоа Охрид доминантно ја завери победата

Охрид дојде до нови бодови после сигурната игра против дебитантот во Супер лигата, Скопје 2020 совладувајќи го со 37:25. Ракометарите кои на овој дуел беа домаќини имаа контрола на резултатот во поголемиот дел од натпреварот иако наидоа на силен отпор од момците од Скопје.

Гостите покажаа дека напредуваат како тим и дека во иднина ќе бидат далеку посилен ривал за секого. Тоа се виде во првите 20 минути кога парираа против Охрид и на моменти беа и во водство 10:9 и 11:10.

Сепак, после оваа предност домашните влегоа во серија од 5:0 и го сменија текот на настаните така што стигнаа до 15:11 и веќе до крајот на првото полувреме оваа предност не беше испуштена. Со тоа на одмор се дојде до 18:15, но играта во финишот од првиот дел најави второ полувреме со целосна контрола.

Она што можеше да се види беше и остварено во продолжението кога Охрид ја зголеми предноста. Набрзина дојде до 23:15 и овие осум гола отворија простор за помирна игра во продолжение.

Разликата се искачи и до плус десет гола така што во последните 15 минути можеше на терен да се најдат и ракометарите со помала минутажа и да добијат можност да одиграат добар дел од средбата во која победникот беше познат многу рано.

37 - 25
Конечен резултат

Место

СРЦ „Билјанини извори“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ОХРИД1837Победа
СКОПЈЕ 20201525Пораз

ОХРИД

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јагош Брауновиќголман00
4Крсте Андоновскилево крило04
6Филип Кривокапиќцентрален бек05
8Наум Костовдесно крило00
10Филип Николовдесен бек06
11Мице Шилеговдесно крило04
12Христијан Коваческиголман00
13Славчо Шулески-11
14Михајло Младеновиќлев бек15
19Иван Тасескипивот11
21Филип Грубор-00
24Мартин Манасковлев бек02
34Мартин Ивановскицентрален бек10
35Николче Ристескилево крило13
44Стефан Додиќцентрален бек13
77Алекса Милошевиќ-03
 Вкупно 637

СКОПЈЕ 2020

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Давид Стојкоскиголман00
2Филип Василевскипивот01
4Марио Мишевскилево крило09
5Бојан Чакалиќцентрален бек00
9Александар Василевскилев бек04
16Матеј Петковскиголман00
19Велимир ГрујовскиСреден бек02
20Лука Благопетровдесно крило00
22Андреј Пешевскицентрален бек03
23Благој Димчевскипивот00
24Стефан Стојановскилев бек00
25Леонид Киселовскилев бек04
28Али Кобеисипивот01
30Далибор БлажевскиСреден бек01
77Симон Калајџиескилево крило20
 Вкупно 225

Officials

Судии:Делегат:
ЌАЕВ ГЛИГОР
ЌАЕВ СПАСКО
КАЛАНОСКИ СЛАВЧО

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР13120136
2ВАРДАР 196113120136
3БУТЕЛ13100330
4ПРОЛЕТ1380524
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21372423
6ТИКВЕШ 20141370621
7ОХРИД1361619
8МЕТАЛУРГ1360718
9ПРИЛЕП1340912
10СТРУГА1331910
11РАДОВИШ1310123
12СКОПЈЕ 20201300130