Голем проблем: Гаџа не може да игра, Вардар без среден бек во Кил!

Ракометарите на Вардар ги очекува натпреварот од деветтата рунда во групната фаза од Лигата на шампионите против Кил.

Тренерот Веселин Вујовиќ има големи проблеми во ростерот, а единствениот класичен среден бек Анте Гаџа нема да патува во Кил бидејќи има вироза.

Покрај него, во ростерот нема да биде ниту Борко Ристовски, но се враќа десниот бек Куни Моралес иако не е коплетно заздравен.

Натпреварот меѓу Кил и Вардар се игра утре во „Вундерино Арена“ со почеток во 20:45 часот.

Вујовиќ: Две победи од три натпревари би биле мелем за нас