Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Македонија – Летонија (ЛИНК)

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар од групната фаза на ЕХФ шампионатот во Рига.

Ривал на избраниците на Раде Стојановиќ во денешниот натпревар ќе биде домаќинот, Летонија, која исто како Македонија, оствари победа против Турција и Косово.

Овој натпревар ќе одлучи која репрезентација ќе заврши на првата позиција во групата А. Како што е познато, нашата репрезентација и Летонија веќе обезбедија пласман во полуфиналето.

Натпреварот меѓу Македонија и Летонија ќе започне со почеток од 15:00 часот, а може да го гледате ТУКА.

*за да го следите натпреварот ќе ви биде потребна регистрација од неколку чекори