Актуелниот европски шампион Вардар ќе биде владател до декември!
Европската ракометна федерација го одложи завршниот турнир во Лигата на шампионите за 28 и 29 декември, по одлуката на Германија да ги забрани сите масовни собири до 31 август.
Првично, завршниот турнир во ЛШ требаше да се одигра на 30 и 31 мај во „Ланксес Арена“ во Келн, но беше поместен за 22 и 23 август на истата локација.
Сега и тој термин не важи, а како ЕХФ планира да ја заврши сезоната 2019/2020, дали ќе се играат осминафиналните и четвртфиналните средби, останува да почекаме до 24 април.
ЕХФ е во постојана комуникација со организаторите на женскиот Ф4 и на машкиот Ф4 во ЕХФ Купот, Будимпешта и Берлин, па веројатно ќе бидат одредени нови термини и за овие настани.