Вардар сериозно го сфати Еурофарм Пелистер 2 и со триумф дојдоа на два чекори до титулата

Не дозволувајќи му на ривалот од Битола ниту да се понадева на можно изненандување, Вардар го победи вториот тим на Еурофарм Пелистер со 34-23 (17-9). Црвено-црните се на два чекори до одбрана на титулата, 15-та во клупската историја. Им требаат уште две победи до крај на сезоната за конечен триумф.

Гостите можеа да им помогнат на нивните колеги од првиот тим да дојдат до титулата, но за тоа им требаше триумф во Скопје, што досега не се случило. Вардар уште од самиот почеток поведе со 7-2 во 8 минута што потоа се покажа како клучно. Скопјани не се опуштија, и од самиот почеток играа со речиси насилниот состав, со истиот со кој триумфираа и во Битола. Кај гостите недостасуваа Цветан Кузмановски и Емилијан Ѓорговски, двајцата поради повреда.

Двата тим ќе се сретнат повторно во петок во полуфиналето на Купот на Македонија во Кавадарци, но овој дуел покажа дека вардарци ја темпираат формата за најважните натпревари што се пред нив. Осумте гола предност на полувреме беа највисоката предност во тој дел од натпреварот.

Само што почна второто полувреме Вардар повторно засили и го зголеми водството на „плус 9“. Во 41 минута Тимур Дибиров првпат ја мина границата од „плус 10“ за водство на Вардар од 24-14, а откако Томовски фати еден зицер на Васко Димитровски во полуконтра Стоилов зголеми на 25-14.

Во 45 минута предност отиде на „плус 12“ најавувајќи дека Вардар рутински треба само да го заврши мечот бидејќи бодовите остануваат во Скопје. Остануваат уште две кола до крај на првенството, а Вардар гостува кај Бутел и во последното коло е домаќин на Тиквеш.

Еурофарм Пелистер 2 се уште се бори за место во европските купови и до последното коло ќе се бори за четвртата позиција што води во Лига Европа.

11 мај 2022
34 - 23
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
11 мај 2022 00:30 ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 08.05.2022 60'

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ВАРДАР 19611734Победа
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2923Пораз

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
5Стојанче Стоиловпивот03
6Оливие Њокаслев бек01
7Патрик Валчакпивот13
8Јоел Куни Моралесдесен бек00
9Гоце Георгиевскидесно крило02
11Мартин Карапалевскицентрален бек03
12Мартин Томовскиголман01
13Дијало Бакарилев бек10
21Давид Савревскидесен бек21
28Филип Талескилев бек06
31Тимур Дибировлево крило06
44Стефан Додиќцентрален бек13
45Дарко Ѓукиќдесно крило14
92Костадин Петровпивот01
97Марко Мишевскилев бек00
 Вкупно 634

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Бобан Ристевскиголман00
7Андре Буторацдесен бек02
8Павле Атанасијевиќцентрален бек11
9Васко Димитровскипивот03
10Христијан Митревскидесен бек00
13Павле Петровиќдесен бек01
16Благојче Трајкоскиголман00
21Димитар Димитриоскицентрален бек17
22Иван Димитровскилево крило10
23Стефан Талевскицентрален бек04
24Никола Стоилевскидесно крило00
33Петар Атанасијевиќлево крило00
44Ненад Белистојановски-11
66Милан Ѓукиќдесно крило00
88Димитриј Блажевскидесен бек01
99Филип Арсеновскипивот03
 Вкупно 423

Officials

Судии:Делегат:
АНДОНОВ ВИКТОР
ЈОВАНОВСКИ СТОЈАНЧО
ОГЊАНОВСКИ МАРЈАН
ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР13120138
2ВАРДАР 196112100233
3АЛКАЛОИД1280427
4ОХРИД1280426
5ТИКВЕШ 20141260619
6БУТЕЛ1230910
7ПРОЛЕТ1220106
8СТРУГА1300130