Вардар без Гаџа против Војводина, Хрватот ќе го менува Циндриќ во репрезентацијата

Селекторот на хрватската репрезентација, Хрвоје Хорват се соочи со проблеми на позицијата среден бек за репрезентативните подготовки и натпреварите против Словачка и Унгарија во рамките на ЕХФ Евро Купот.

Ракометарот на Барселона, Лука Циндриќ поради повреда нема да се појави на подготовките. Хорват мораше да бара алтернативна замена за Циндриќ и реши на неговото место да го повика ракометарот на Вардар, Анте Гаџа. Поради тоа, Хрватот во редовите на Вардар нема да настапи на натпреварот против Војводина во рамките од Сеха лигата.

Гаџа на позицијата плејмејкер ќе биде во комбинација со ракометарот на Мелсунген, Домагој Павловиќ. Позицијата на двајцата искусни ракометари ќе биде надополнета и со младиот ракометар Тин Лучин од Адемар Леон.

Хрватската селекција подготовките ќе ги започне во Свети Мартин на Мура. На 28 и 29 април, Хрватска ќе игра против репрезентацијата на Словачка во Вараждин. На 1 мај избраниците на Хрвоје Хорват ќе се соочат со Унгарија.