Андерсон: Само со добра одбрана може да го добиеме Вардар

Вардар требаше да гостува во Порто пред Нова Година, но ова гостување беше одложено поради ковид-проблеми.

Тој дуел ќе се одигра денеска во „Драгао Арена“, а тренерот на домашниот тим, Магнус Андерсон очекува тежок натпревар поради краткото време за подготовки со комплетен ростер.

„Не чека луд период, прв противник ни е тимот на Вардар. Ќе биде навистина тешко, во ЛШ нема лесни противници. Наша главна цел ќе биде добро да ја поставиме одбраната, која мора да им помага на голманите, да соработува со нив. Само на овој нечин можеме да го нападот на Вардар. Верувам дека можеме да ги добиеме иако на првиот меч беше тешко, имаат искусен тим. На оваа средба ќе влезат нешто посвежи од нас, но од друга страна обврските на ракометарите кон репрезентацијата може да донесат позитивни работи. Тие продолжија да играат во висок ритам, па многу подобро е да влезеш во едно такво темпо отколку само да тренираш“, изјави Андерсон.

Натпреварот меѓу Порто и Вардар се игра вечерва со почеток во 20:45 часот.