Аларов: Горди сме на триумфот над Металург, но ова е само почеток на плеј-офот

Тимот на Пролет се уште ја прославува големата победа над Металург, триумф со кој скопскиот суперлигаш јасно стави до знаење дека е сериозен во намерата да стигне најмалку до четвртото место во плеј-офот и да се пласира во ракомтна Европа за наредната сезона.

Михаил Аларов е еден од оние кои одиграа стандардно добро, даде свој придонес во нападот, но пред се во одбраната, и беше од огромна помош за запирање на клучните ракометари на Металург.

„Секако дека сме горди на овој триумф. Верувавме во себе, но не сакавме да се создава еуфорија пред мечот, туку останавме тивки, а она што го имавме, го покажавме на теренот. Металург не е наивен противник, но Пролет доминираше 60 минути против екс-шампионот на Македонија, што не е мала работа. Нивото на играта што ја прикажавме беше недостижно за реномираниот противник, тоа може само да радува, но и да мотивира да продолжиме во ист стил и во продолжението од сезоната. Ова е голема победа, но да не заборавиме дека е само прво коло и дека пред нас се уште многу тешки натпревари за да обезбедиме излез во Европа“, изјавува Аларов.

Сега следува репрезентативна пауза, поради дуелите со Данска, а на 20 март ќе продолжат возбудувањата во Суперлигата