Јуниор за двојно подобар од Астраион

Екипата на Јуниор Кисела вода влегува во сè подобра форма како одминува времето и тоа се гледа на теренот на натпреварите, а најдобро го почувствува момците на Астраион од Струмица кои беа совладани со 36:18.

Јуниор КВ беше за двојно подобар од тимот од Струмица, а победникот го реши уште рано во натпреварот. Стартот беше со 2:0, а потоа 5:1 таа што овие четири гола беа одличен старт за веќе на средина од првото полувреме да се дојде и до 12:3 кога веќе стана јасно кој ќе биде победник.

До крајот на првиот дел разликата дојде до 12 гола, а овој голем плус беше искористен за уште посигурна игра во вторите 30 минути кога разликата се искачи до 18 погодоци за конечни 36:18 со што Јуниор убедливо стигна до триумф за три бода со кои тимот е веднаш зад Алкалоид и Голден Арт на врвот на табелата.

ЈУНИОР КВ – АСТРАИОН            36:18 (21:9)

Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Драган Јовановски и Иван Јованов. Делегат: Зоран Јовановски.

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА: Виларов, Крстевски, Николов 4, Крстески 2, Ристовски 3, Димовски 1, Лапов, Печенковски 3, Ацевски, Симоноски 7, Николовски 3, Димевски 9, Петровски 4, Шкријељ

Седмерци: 1/3, Исклучувања: 6 мин.

АСТРАИОН: Перовановиќ, Пецанов, Ончев 7, Котевски 3, Беловинов, Гоџиеов, Д. Катранџиев 1, В. Стојанов 1, М. Стојанов 5, Манчев 1, Мастев, К. Катранџиев

Седмерци: 2/6, Исклучувања: 4 мин.