Секељ: Митревски и Манасков ми кажаа само убави работи за проектот на Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер го смени целото голманско трио пред стартот на новата сезона. На местата на Трајкоски, Чаневски и Хендави, во тимот дојдоа Ивановски, Кизиќ и унгарскиот репрезентативец Мартон Секељ.

Тој вели дека од разговорите со Никола Митревски и Дејан Манасков дознал само убави работи за битолскиот проект.

„Играв против Еурофарм Пелистер како играч на Татабања и на Веспрем, така да знам многу за клубот и за тимот. Задоволен сум што сум тука. Беше крај на летото кога клубот ме покани да им се придружам и многу сум задоволен што се договоривме и што се приклучив на овој традиционален клуб. Разговарав многу со Никола Митревски и додека игравме во Порто, но исто така и ова лето. Разговарав и со Дејан Манасков исто така, па ги знам сите потребни детали за клубот. Тие ми кажаа само убави работи“, вели Секељ.

Покрај Секељ, Ивановски и Кизиќ, битолчани ова лето се засилија и со Табоада, Обрадовиќ и Божиќ-Павлетиќ.