Само Вардар на пауза, другите треба да одиграат уште 12 натпревари во Женската лига

Со 13 одиграно коло изминатиот викенд требаше да се комплетира есенскиот дел во Женската лига.

Сепак останува да се доиграат уште 12 натпревари за да се комплетира оваа полусезона. Тие беа одложени поради настапите на Куманово на европска сцена (два натпревари) и поради коронавирусот (десет натпревари).

Прилепска Деспина има уште четири натпревари за играње, додека битолски Пелистер уште шест.

Веќе дел од нив ги добија новите термини, а до средината на декември би требало да биде комплетиран есенскиот дел и екипите да почнат да ги прават плановите за пролетната полусезона, која би требало да стартува на почетокот на март.

Тимот на Куманово останува единствен непоразен досега, а единствен загубен бод е на гостувањето кај Вардар, додека токму „црвено-црните“ се втори на табелата со ист број бодови, но со два меча повеќе. Металург и Чаир досега собраа по 27 бодови и се наоѓаат на третото, односно четвртото место.

25 ное 15:00 Пелистер Чаир Женска лига, 10 коло
25 ное 19:00 Овче Поле СУ Деспина Женска лига, 5 коло
26 ное 19:30 Куманово Гевгелија Женска лига, 13 коло
29 ное 14:30 Стружанка Куманово Женска лига, 12 коло
29 ное 19:00 Деспина Шампион Женска лига, 6 коло
02 дек 19:00 Деспина Металург Женска лига, 8 коло
Пелистер Ѓорче Петров Женска лига, 5 коло
Стружанка Пелистер Женска лига, 6 коло
Пелистер Гевгелија Женска лига, 7 коло
Кузман Вардар Деспина Женска лига, 7 коло
Спартак Пелистер Женска лига, 8 коло
Пелистер Шампион Женска лига, 12 коло
ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ18171052
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА18151246
3ЧАИР18151246
4КУМАНОВО18150345
5ВАРДАР19141443
6ПЕЛИСТЕР 20121991928
7СТРУЖАНКА1881925
8СКОПЈЕ18711022
9ДЕСПИНА18611119
10ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.18431115
11СПАРТАК18501315
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167