Несекојдневно достигнување: Божиновски од Бутел даде 21 гол – повеќе отколку цел тим на ривалот!

Тимот на Бутел Скопје без проблеми обезбеди четвртфинале во Купот на Македонија, откако славеше над прволигашот Кичево со убедливи 53-18.

Победникот беше познат уште по неколку минути кога по 4-3, бутелци направија серија од осум погодоци за 12-3. До паузата Бутел имаше плус 13, 24-11.

Тренерот Кристијан Грчевски за овој дуел со Кичево се реши да им даде шанса на ракометарите со помала минутажа кои во целост ја оправдаа довербата.

Левото крило Марко Божиновски постигна дури 21 погодок, повеќе од целиот гостински тим, додека 11 даде Марко Митев. Кај кичевци четири погодоци постигна Љакоски.