Нема играње во Струга ако не се направи тест за коронавирус

Осумте екипи кои ќе учествуваат на турнирот во Струга ќе мора да направат тестови за коровирусот доколку сакаат да бидат дел од истиот. Без негативен тест за Ковид 19 ќе нема можност ниту да се учествува.

Од овие осум екипи три веќе имаат направено тестови, а тоа се Вардар, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2. Другите пет екипи учесници Металург, Охрид, Бутел Скопје, Прилеп и Струга немаат тест, па истиот ќе мора да биде направен во понеделник за да може од среда да се игра на турнирот.

Вардарци најавија дека тие самите повторно ќе се тестираат пред тргнувањето за Струга, а од Металург има најава дека тестирањето ќе го извршат во понеделник. Веројатно и битолските клубови самите ќе се тестираат бидејќи и тие ќе играат во Струга.

Организаторот на турнирот заедно со РФМ успеа да обезбеди тестови така што оние екипи кои не се во можност ќе добијат ваква шанса за да ги тестираат ракометарите пред турнирот и да нема проблеми за да се настапи на истиот. Екипи ќе одат во градовите откаде што се учесниците и сите ракометари и членови на стручните штабови ќе бидат тестирани.

Ваква одлука за да мора да се има тест за коронавирус за да се учествува на струшкиот турнир беше за очекување бидејќи протоколот налага тест пред секое натпреварување. Годинава турнирот ќе се игра од среда до недела, и ќе има осум екипи, сите од Македонија.