Познати деталите за Струшкиот турнир – Металург и Еурофарм Пелистер во иста група, Вардар против Охрид и Бутел

Струшкиот турнир оваа година ќе се одржи само со македонски екипи, а бројката останува осум, откако Пролет беше заменет со Еурофарм Пелистер 2.

На отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај езерото ќе играат европскиот шампион Вардар и сите македонски претставници во европските купови во новата сезона.

Организаторот веќе ги одреди групите за првата фаза, па Еурофарм Пелистер ќе се сретне со Металург, Прилеп и домаќинот Струга, додека Вардар ќе се соочи со Охрид, Бутел Скопје и вториот тим на битолчани.

Турнирот ќе се игра од 12 до 16 август, а се уште не е одлучено дали ќе се игра пред лимитиран број на гледачи или без публика. Деталниот распоред ќе биде познат дополнително, но ќе се играат по три меча дневно во вечерните термини, освен на финалниот ден.

Група А: Вардар, Охрид, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2
Група Б: Еурофарм Пелистер, Металург, Прилеп, Струга