Начевски и Николов со нова евро обврска во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за третото и четвртото коло во Лигата на шампионите.

Тројца Македонци ќе патуваат во Германија и ќе бидат дел од натпреварите на бундес шампионот.

Драган Начевски ќе биде делегат на мечот меѓу Магдебург и ПСЖ што ќе се игра на 28 септември од 20:45 часот.

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат арбитри на натпреварот меѓу Магдебург и Висла Плоцк што е на програмата на 6 октомври од 18:45 часот.