Македонија во една категорија (сè) уште е прва на Европското првенство! (ФОТО)

Машката репрезентација на Македонија одамна го заврши настапот на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, кое влегува во самата завршница кога ќе се делат медалите.

Иако на крајот Македонија се пласира на 15-то место во конечниот пласман, сепак има една категорија, во која наш репрезентативец е на првото место.

Левиот бек Филип Талески на средбата со Австрија го упати досега најсилниот удар на континенталниот собир, кој не беше надминат, иако се одиграа уште многу натпревари оваа седмица.

Останува да видиме дали на денешните последни натпревари од главната рунда во двете групи или на оние од завршницата во Стокхолм, ударот упатен со 141 километар на час, ќе биде „симнат“ од тронот.