„КОРОНА Ф4“ во август – Кил, Веспрем, ПСЖ и Барса ќе играат во Келн!

Доколку коронавирусот продолжи да се шири со голема брзина, натпреварите од осминафиналето и четвртфиналето на Лигата на шампионите нема да може да се одиграат ниту во алтернативните термини кои ги одреди ЕХФ.

Европската ракометна федерација донесе одлука елиминациските средби да се играат  на почетокот и на средината на јуни, пред репрезентативните средби, но нејасно е дали и тогаш ќе има услови.

Доколку осминафиналните и четвртфиналните двобои не бидат одиграни во предвидениот термин, на завршниот турнир ќе одат четирите најдобри екипи по завршувањето на групната фаза во ЛШ.

Тоа значи дека на 22 и 23 август во „Ланксес Арена“ во Келн, би се појавиле екипите на Барселона, ПСЖ од групата А, како и Веспрем и Кил од групата Б. Сите екипи ќе бидат со многу измени во ростерот, се уште ќе биде подготвителен период и нема да може однапред да се предвиди фаворит за титулата.