Ивановски: Целта ни е да вратиме една од домашните титули во Битола

Еурофарм Пелистер комплетно ја смени голманската тројка за новата сезона. Покрај Марко Кизиќ и Мартон Секељ, во голманското трио ќе биде и Филип Ивановски.

Тој очекува дека една од титулите во македонските конкуренции да се врати во Битола.

„Екипата неколку години е заедно, скоро 70% од ланскиот костур е присутен и сезонава, надограден со одредени засилувања кои беа потртебни. Ова е голем клуб и нормално е да има високи амбиции. Целта е да се врати една од домашните титули во Битола. Се надевам дека ќе успееме да ја израдуваме публиката. Ветувам дека напорно ќе работиме за да дојдеме до таа толку посакувана титула“, изјави Ивановски.

Ивановски потекнува од Пелистер, беше дел од Еурофарм Работник, Металург и Вардар Јуниор.