Данецот го излуде Келце – Нилсен со двојна одбрана ја крена „Блауграна“ на нозе! (ВИДЕО)

Во реприза од финалето на минатата сезона во Лигата на шампионите, европскиот првак Барселона го совлада полскиот Келце со 32-28.

Каталонскиот гигант направи солидна залиха во првото полувреме, која успеа да ја задржи до самот крај и се одбрани од налетот на избраниците на Талант Душебаев.

На голот на Барса во поголемиот дел од мечот беше данскиот чувар на мрежата Емил Нилсен, кој успеа да одбрани 12 удари.

Оваа двојна одбрана на Нилсен по седмерецот на Морито и потоа на одбиената топка, сигурно ќе си најде свое место во изборите на ЕХФ.

Погледнете…