Некогашниот младински репрезентативец Александар Ангеловски по десет сезони си замина од францускиот Белфор.
Ангеловски кој потекнува од Струга, во Македонија освен за матичниот клуб играше и за МРК Вардар, Зомимак Струмица, Куманово…
Тој во 2014 година замина во Франција, го облече дресот на Белфор и до крајот на оваа сезона не ја менуваше средината.
Средниот бек е дел од генерацијата на Стоилов, Митревски, Георгиевски, Трајкоски, Пецаковски, Маркоски…кои играа на младинското СП 2007 година во Охрид.
Дали Ангеловски ќе остане во Франција во друг клуб или се враќа во татковината, ќе биде познато наскоро.