Заврши вторoто коло од „источната“ СЕХА – ЦСКА Москва со „два од два“, прва радост за Мешков

Денеска беше комплетирано второто коло од дивизијата „Исток“ во регионалната СЕХА лига, која во моментов е активна во Русија и Белорусија.

Освојувачот на трофејот од минатата сезона, Мешков Брест, по ремито со Зенит, славеше на гостински терен кај Гомел со 34-25.

Во втората пресметка од групата, ЦСКА Москва беше подобра на гости од Пермски Медведи во рускиот двобој со 30-28.

Најдобар стрелец беше екс вардарецот Данил Шишкарев со шест гола од шест обиди, па тимот од Москва сега има „два од два“.

Чеховски Медведи немаше проблеми против кинескиот тим Ајст Китаја и победи со 39-25, додека убедлив беше и СКА Минск на гости кај Машека, 48-30.

Следното коло од групната фаза се игра на 11 и 12 октомври.