Зарков и Неа Јонија го срушија шампионот, во главна улога екс вардарките

Тимот на Неа Јонија, предводен од легендарниот Александар Зарков, оствари голема победа во шампионатот на јужниот сосед.

Неа Јонија, актуелен освојувач на Купот, на домашен терен славеше против шампионот ПАОК Солун со 27-24.

Во составот на Зарков одлични партии имаа двете поранешни ракометарки на Вардар, Татјана Хмирова со три гола и Екатерина Лубјанаја со пет погодоци.

Неа Јонија по европската елиминација од шпанскиот Елче, ќе се посвети само на домашните обврски во Грција и досега има пет победи на пет меча.