Во претстојната сезона од регионалната СЕХА лига, дивизија „Исток“, ќе играат вкупно девет екипи, една помалку во споредба со минатата сезона.
Натпреварите ќе стартуваат на 22 септември, а екипите од Русија и Белорусија се поделени во две групи.
Во групата А се белоруските Мешков Брест и Ист Кина, како и руските Чеховски Медведи, Зенит и Виктор.
Во групата Б се руските екипи ЦСКА Москва и Пермски Медведи, како и двете од Белорусија – СКА Минск и Машека Могилев.
Во споредба со минатата сезона нема да игра тимот на Гомел. Натпреварите од групната фаза треба да завршат на 9 февруари, а плеј-офот односно четвртфиналето ќе се игра на 2 и 8 март, по што ќе бидат познати учесниците на Ф4.