Охрид брзо ја заборави европската „судиска неправда“ во Романија и повторно покажа дека има тим кој во Македонија ќе има сериозна улога, откако трумфираше на гостувањето во Куманово со 39-33 (19-15). Се мачеа гостите во првото полувреме, но во второто го надиграа и надтрчаа домаќинот, па имаа и двоцифрена предност.
Со триумфот Охрид се задржа на второто место, заедно со Вардар и заостануваат два бода во однос на тимот од Автокоманда.
Расположени за голови беа Бразилецот Винициус кој даде 14 гола за Куманово, и Цирар кај Охрид кој погоди 11 пати. Но, Куманово во првите 30 минути го намачи Охрид, и во еден момент домашните имаа и предност од два гола (10-8 и 12-10). Но охриѓани брзо ја „свртеа“ играта и резултатот, па со серија од 5-0 прејдоа во водство од 15-12. И од тој момент Куманово веќе немаше шанси нешто да смени.
Охрид имаше водство, темпо, игра и го трасираше патот до победата. Направија убава серија од 7-2 и предност од 26-17. Брзо потоа „пукна“ и десетката, 18-28. Потоа беше само рутина да се задржи предноста и да се заври средбата.