Веспрем два месеци без Вајлупов

Унгарскиот првак Веспрем објави дека десното крило Никита Вајлупов го очекува пауза од ракометните терени.

Белорускиот репрезентативец го повреди рамото за време на ЕХФ недела, кога настапуваше на пријателските натпревари против Русија.

Според медицинските препораки, Вајлупов ќе пропушти најмалку осум недели и нема да заигра до крајот на 2023 година.

Сепак тренерот Момир Илиќ не треба да се грижи за отсуството на Вајлупов, бидејќи на десната крилна позиција го има Гашпер Маргуч, кој игра во одлична форма.