Левиот бек Килијан Прат, вчера играше против Македонија на Европското првенство за младинци, а денеска го продолжи договорот со Монпелје.
Членот на францускиот гигант, чиј договор беше валиден до 2025 година, ја продолжи соработката за уште три сезони.
Тоа значи дека ќе остане во Монпелје најмалку уште три сезони, односно до 2028 година.
Ланската сезона веќе играше на 22 натпревари во француската лига и на 12 во Лигата на шампионите, а постигна вкупно 22 погодоци.
На натпреварот со Македонија за деветтото место на Европското првенство беше стрелец на три гола.