Василев заминува од Еурофарм Пелистер – се сели во Унгарија!

Кружниот напаѓач Денис Василев по две сезони ќе се раздели со македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

30-годишниот Русин ќе се пресели во унгарското првенство, каде што потпиша договор со тимот на Балатонфуреди.

Рускиот интернационалец се обврза на договор на две сезони, односно до 2026 година со тимот каде што игра екс пикерот на Вардар, Домен Сикошек Пелко.

Василев дојде во Битола од Динамо Астрахан, а претходно беше член на Мотор Запорожје и на Чеховски Медведи.

Македонскиот шампион на линијата ги има Жарко Пешевски и Матеуш Пиеховски.